Утрински Весник
Македонија

Автомобил прегази жена во Кочани

Автомобил прегази жена во Кочани

Младо момче управувајќи автомобил прегази возрасна жена во Кочани.

Несреќата се случила вчера на улицата Маршал Тито.

„Патничко возило „форд“, со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Н.(22) од Кочани, удрило во пешакот М.С.(80) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во ЈЗУ Кочани“, велат од МВР.

Извршен бил увид од полициска екипа.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол