Утрински Весник
Свет

Денес ни е објавена тотална хибридна војна – Лавров откри која е главната цел на Западот

Денес ни е објавена тотална хибридна војна – Лавров откри која е главната цел на Западот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Западот на Русија и објавил тотална, хибридна војна.

-Денес ни прогласија вистинска хибридна војна, тотална војна. Овој термин што го користеше Хитлерова Германија, сега го користат многу европски политичари кога кажуваат што сакаат да прават со Руската Федерација – рече Лавров.

Тој додаде дека целите не биле скриени.

– Уништи, скрши, задуши ја руската економија и цела Русија – изјави Лавров откако беше објавено дека ЕУ потпишала голем договор за гас со САД.

Тој додаде дека Русија нема да се изолира.

– Не се зборува за изолација на Русија, Русија нема да се изолира, ќе продолжи да работи со сојузниците – рече Лавров.

Можете да прочитате

Еден месец од нападот врз Иран, до каде се целите на Трамп?

Финска ќе проверува дали американското оружје платено од НАТО стигнува до Украина

Иранскиот претседател се закани со „разорен одговор“