Утрински Весник
Свет

Бајден: Во Украина испраќаме оружје вредно милијарда долари

Бајден: Во Украина испраќаме оружје вредно милијарда долари

Американскиот претседател Џо Бајден денеска на самитот на НАТО во Брисел најави дека САД ќе испратат за Украина оружје и друга безбедносна и одбранбена опрема во вредност од милијарда американски долари.

„Во текот на изминатите неколку недели, САД одлучија да испратат безбедносна помош за Украина во вредност од милијардa долари. Зборувам за системи за противвоздушна одбрана, противтенковски оружја, беспилотни летала и милиони парчиња муниција“, рече Бајден.

„Ги поздравувам чекорите што нашите сојузници ги преземаат за да обезбедат одбранбена помош за Украина. Заедно ќе идентификуваме и испратиме дополнителна опрема, вклучително и системи за противвоздушна одбрана, сè за да ѝ помогнеме на Украина“, рече Бајден.

Тој го нарече формирањето на четири нови борбени групи во источниот дел на ЕУ, во Словачка, Романија, Бугарија и Унгарија, силен сигнал дека НАТО колективно ќе ја брани и заштити својата територија.

Денеска беше објавено и дека Америка планира да прими до 100.000 Украинци кои избегаа од руската инвазија.

Ова го соопштиле два извора запознаени со планот, откако едномесечното бомбардирање ја предизвика најголемата бегалска криза во Европа од крајот на Втората светска војна.

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници