Утрински Весник
Македонија

УЈП влезе и во „Кипер“ – маркетите затворени до завршување на инспекциските контроли

УЈП влезе и во „Кипер“ – маркетите затворени до завршување на инспекциските контроли

„Кипер“ маркетите и денеска останаа затворени од инспекцијата на Управата за јавни приходи. Управата на ланецот од маркети извести дека нема да работат.

„Ве известуваме дека во маркетите ‘Кипер’ во тек е редовна контрола од страна на инспекторатот. Заради создавање на услови за работа на горенаведените надлежни службеници, продавниците во кои контролата продолжува ќе бидат затворени до завршување на процесот на евидентирање. Во текот на денот се надеваме дека маркетите ќе продолжат со редовно работење“, велат од управата на маркетот.

Засега е познато дека овие контроли се во целиот продажен ланец на „Кипер“. Од Управата за јавни приходи, засега нема објава која е целта и што точно се проверува, како и дали и од кого има пријава. Единствено што УЈП го изнесе како информација е дека со цел заштита на граѓаните и државата, ќе се прават контроли во сите фирми за да се укаже дека законот мора да се почитува.

Претходно УЈП влезе во маркетите „КАМ“, а директорката на УЈП, Сања Лукаревска, рече дека биле ангажирани триста инспектори на Управата.

Можете да прочитате

ДУИ: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик со Алта Банка?

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка

Претреси во Штип и Скопје поради сомнежи за менување оценки на Универзитетот „Гоце Делчев“