Утрински Весник
Македонија

НИКОБ ЛАБ: Промоцијата за бесплатен брз антигенски тест за млади од 0-18 години успешно ја завршуваме утре

НИКОБ ЛАБ: Промоцијата за бесплатен брз антигенски тест за млади од 0-18 години успешно ја завршуваме утре

Лабораторијата „Никоб лаб“ во февруари ја започна промоцијата за бесплатен брз антигенски тест за млади од 0-18 години по индикација, со цел да им помогне на семејствата кои беа во тешка економска и здравствена состојба предизвикана од сериозната епидемиолошка состојба во државата, предизвикана од Ковид-19 вирусот.

Промоцијата започна на 18.02.2022 година и завршува утре 25.03.2022 година.

Во овој временски период направени се вкупно 318 тестови, а од нив детектирани се 106 позитивни лица.

„Докажавме дека сме општествено одговорна установа и со оваа бројка на тестови и скринингот кој го добивме, значително помогнавме на здравствениот систем и на семејниот буџет, а тоа ни дава за право и во иднина да промовираме услуги кои ќе бидат од голема помош на сите граѓани“, велат од „Никоб лаб“.

(ПР)

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со локални врнежи од дожд и снег на планините

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење

Моќен циклон од Џенова од недела 25 Јануари ни носи многу дожд и снег