Утрински Весник
Спорт

Арсенал и Астон Вила ќе се тркаат за потписот на Кутињо

Арсенал и Астон Вила ќе се тркаат за потписот на Кутињо

Филипе Кутињо, полека се враќа во препознатливата форма. Бразиелцот, во јанирскиот преоден рок пристигна во Астон Вила. Клубот од Бирмингем, има опција да го откупи од Барселона неговиот договор.

Четири гола и три асистенции е учинокот на Кутињо во дресот на Астон Вила. Менаџеорт Стивен Џерард не крие дека е задоволен од формата на Бразилецот, тој им препорачал на клупските челници да го откупат неговиот договор.

Барселона за Кутињо бара 40.000.000 евра.

Астон Вила може да ја плати бараната сума, но неочекувано добија конкурент. Во трката за Кутињо ќе се вклучи и Арсенал. Микел Артета во летниот преоден рок сакаше да го донесе Кутињо во Лондон.

Бразилецот треба да реши дали ќе остане во Астон Вила или ќе се пресели во Арсенал.

> Арсенал и Астон Вила ќе се тркаат за потписот на Кутињо <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина