Утрински Весник
Македонија

Казнети 191 возач во Скопје, 62 за брзо возење

Казнети 191 возач во Скопје, 62 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 13 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, две мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за вградени неатестирани фолии – затемнети стакла…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можете да прочитате

За три дена евидентирани 2720 сообраќајни прекршоци

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина Василево

Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години постоење со свечена академија во МНТ