Утрински Весник
Свет

Австрија го одложи воведувањето нови антиковид мерки

Австрија го одложи воведувањето нови антиковид мерки

Новата регулатива, која треба да стапи на сила за новите епидемиолошки мерки во Австрија, а која треба да се применува од полноќ, беше одложена за четврток.

Новата регулатива предвидува враќање на обврската за носење маски во сите затворени простори.

Конкретните детали од регулативата не можеа да се договорат, бидејќи има несогласувања околу тоа дали документите „3G“ можат да ги „заменат“ маските, односно онаму каде што властите го контролираат поседувањето сертификати за вакцинација, сертификати за Ковид-19 или негативен тест, тие го прават тоа и не мора да носат маски.

Тие мерки, како што посочуваат од Министерството за здравство, ќе дојдат, но допрва треба да се разгледаат некои детали.

Австрија беше принудена да ги врати мерките, откако на 5 март укина речиси сè.

Од укинувањето на мерките, бројот на новозаразени драстично скокна, достигнувајќи речиси 60.000 дневно минатата недела, а моментално е нешто под 40.000.

Можете да прочитате

Шефот на турската дипломатија се залага за заедничка одбранбена платформа на земјите од Блискиот Исток

Најмалку 78 убиени во напад на дрон врз џамија во Судан

Британската МИ6 ќе ја користи темната мрежа за регрутирање агенти и пристап до тајни