Утрински Весник
Свет

Талибанците ги затворија училиштата за девојчиња неколку часа откако беа отворени

Талибанците ги затворија училиштата за девојчиња неколку часа откако беа отворени

Талибанците наредија затворање на училиштата за девојки во Авганистан, само неколку часа по нивното повторно отворање.

Медиумите објавија дека на девојчињата кои пристигнале во постарите паралелки на основните училишта и гимназиите им било кажано да се вратат дома.

Портпаролот на талибанците Инамула Самангани изјави дека е точно дека училиштата се затворени, не сакајќи да коментира повеќе.

Девојчињата во Авганистан со нетрпение чекаат да се вратат на училиште, за прв пат откако Талибанците ја презедоа власта во август минатата година.

Меѓународната заедница го направи правото на образование за сите камен на сопнување во преговорите за помош и признавање на режимот во Авганистан.

Неколку земји и меѓународни организации најавија дека ќе обезбедат наставници за авганистанските училишта.

Можете да прочитате

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна

Висоцки: Во руските воздушни напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина

Новиот крал на Норвешка ќе биде познат како Хокон Осми, соопшти кралската палата