Утрински Весник
Македонија

Во Прилепско запленети над 25 кубици дрва без соодветна документација

Во Прилепско запленети над 25 кубици дрва без соодветна документација

Полициски службеници од Полициското одделение Ропотово и Полициската станица Прилеп при СВР Битола во содејство со Шумска полиција Прилеп, вчера спроведеле акциска контрола во селото Гостиражни.

Како што информираат од МВР, од Љ.Н. (38) и М.Н. (49) од ова село биле одземени околу 11 кубни метри нежигосани дабови дрва без соодветна документација.

Исто така, над селото биле пронајдени околу 8 кубни метри нежигосани дабови дрва, кои ќе бидат предадени на шумската полициjа Прилеп, додека, пак, на подрачјето над вештачкото езеро во Прилеп било затекнато лицето Џ.А. со запрежна кола натоварена со нежигосани дабови дрва од околу 1,5 кубни метри и моторна пила, кои биле одземени.

Во тој дел биле пронајдени и бесправно исечени околу 5 кубни метри огревни дрва. Пронајдените дрва биле биле подигнати од шумската полиција Прилеп, а по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Туристичкиот развој на Берово е еден од приоритетите на Владата, во подготовка закон за туристички развојни зони

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари

Денес во Македонија пожари на седум локации