Утрински Весник
Економија

Николовски од Белград: Србија ќе ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно и зејтин

Николовски од Белград: Србија ќе ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно и зејтин

Mинистерот за земјоделство, Љупчо Николовски, денеска во Белград оствари средба со потрeтседателот на српската Влада и министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ.

Како што информираат од ресорното министерство, на состанокот било договорено во следните седум до десет дена Србија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно и масло за јадење за Северна Македонија.

„Во рамки на инструментите што ги овозможува иницијативата Отворен Балкан, со потпретседателот на Владата на Република Србија, Недимовиќ, договоривме во следните 7 до 10 дена Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење и да почне испораката за количините коишто се договорени помеѓу економските партнери помеѓу двете земји. Сите договори на нашите економски партнери од сите стопански комори ќе бидат реализирани. За договорените количини ќе биде испратено и писмо од претседателот на Владата на РСМ до премиерката на Србија“, изјавил Николовски.

Министерот воедно порачал граѓаните да бидат смирени, бидејќи, како што рекол, Северна Македонија ќе има доволно количини од овие стратешки култури.

Можете да прочитате

Ново поскапување на сите горива од ноќеска

Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците

Филипче: Живеачката е на раб на достоинство, економски е Македонија понижена