Утрински Весник
Свет

Висок претставик на НАТО: Белорусија би можела да и се придружи на Русија во нападите

Висок претставик на НАТО: Белорусија би можела да и се придружи на Русија во нападите

Белорусија, близок сојузник на Русија, наскоро може да ја нападне Украина. Во исто време, Белорусија се подготвува да им дозволи на Русите да распоредат нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави висок претставник на НАТО, според Гардијан.

Тој кажал дека НАТО алијансата стравува дека Белорусија може да и се придружи на Русија во нападот на Украина.

„Белоруската влада подготвува атмосфера што ќе го оправда белорускиот напад врз Украина и итното распоредување на руско нуклеарно оружје во Белорусија“, изјавил функционерот.

Од друга страна, украинските власти веќе подолго време предупредуваат дека Белорусија би можела да се вклучи во војната. Иако Белорусија им дозволи на руските војници да ја користат нејзината територија за да започнат копнени и воздушни операции, НАТО досега не најде докази дека белоруските војници биле директно вклучени во нападите врз Украина.

„Не велам дека утре во Белорусија ќе распоредат нуклеарно оружје. Мислам дека преземаат политички чекори за да можат да прифатат нуклеарно оружје доколку се донесе таква одлука“, изјавил претставникот на НАТО.

Тој додал дека конфликтот во Украина е на прагот да влезе во фаза во која не може да се постигне напредок кон мир, бидејќи ниту една страна нема предност пред другата.

Како што кажал, проблемот со таквиот исход е што ќе доведе до долготрајни борби, кои ќе резултираат со загуба на многу животи.

Можете да прочитате

Макрон: Европската иднина на Србија е нејзиниот вистински пат

Руската и кинеската морнарица спроведуваат заеднички артилериски вежби во Јапонското Море

Уште шест лица починаа од глад во Газа, вкупно 175