Утрински Весник
Свет

Украинскиот министер за одбрана: „Русија ќе нападне други земји – запрете ја“

Украинскиот министер за одбрана: „Русија ќе нападне други земји – запрете ја“

Русија спроведува државен тероризам во Украина и ќе продолжи да напаѓа други земји, изјави украинскиот министер за одбрана, Алексеј Резников.

Зборувајќи со британскиот министер за одбрана, Бен Валас, за време на посетата на Лондон, Резников рече дека се убиени 150 украински деца. Тој рече дека се уништени повеќе од 400 училишта и градинки и повеќе од 110 болници, јави Би-Би-Си.

„Илјадници и илјадници цивили се убиени. Ова е државен тероризам. Затоа Кремљ мора да се запре, бидејќи ќе оди понатаму. Ќе нападне други земји“, рече Резников.

Тој не презентираше никаков доказ за неговото тврдење. Русија негира дека цели на цивили.

„Од почетокот на руската инвазија, украинските војници уништија речиси 500 руски тенкови и повеќе од 1.500 оклопни борбени возила. Во некои од овие случаи беше користено оружје обезбедено од Британија“, рече тој.

„Многу цениме што оваа година Британија беше првата што ни обезбеди сериозно оружје што ги зголеми нашите одбранбени способности. Вашата улога е посебна, а вашата храброст и вашиот дух се во остра контраст со пасивноста на некои други земји“, кажал Резников.

Можете да прочитате

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници

Милионски грабеж во Италија: Украдени ремек-дела на Реноар, Сезан и Матис