Утрински Весник
Свет

Украинската вицепремиерка: „Зад нападот на Мариупол се крие лична одмазда на Путин“

Украинската вицепремиерка: „Зад нападот на Мариупол се крие лична одмазда на Путин“

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека зад нападот на Мариупол стојат личните причини на рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи, како што вели таа, не успеал да го заземе тој град во 2014 година во времето кога Русија го анектираше Крим.

„Мислам дека Путин лично им се одмаздува на граѓаните на Мариупол, откако не успеа да го преземе градот во 2014 година. Тоа е колективна казна, откако одбија да бидат под закрила на Русија“, изјави таа за францускиот весник „Либерасион“.

Верешчук истакна дека се уште нема успех во испораката на хуманитарна помош во тој град.

„Да го сака Путин тоа, хуманитарниот коридор во Мариупол веќе ќе беше отворен. Русите уништуваат болници, театар во кој биле сместени раселените лица, џамија, цркви. Ништо не ги спречува“, изјави Верешчук.

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија