Утрински Весник
Свет

Володин: Конгресот да го смени Бајден, неонацистите во Украина имаат оружје од САД

Володин: Конгресот да го смени Бајден, неонацистите во Украина имаат оружје од САД

Претседателот на руската државна дума Вјачеслав Володин изјави дека американскиот Конгрес треба да го отповика претседателот Џозеф Бајден.

Володин тврди дека тоа треба да се случи бидејќи американското оружје испорачано во Украина завршило „во рацете на неонацистичкиот баталјон Азов“.

Володин потсети дека американскиот Конгрес во 2017 година усвоил закон за доделување средства за Пентагон, со кој меѓу другото, како што тврди, „забранува финансирање на активностите на баталјонот Азов, кој беше назначен како неонацистичка групација.

„ Вината за крвта на мирните цивили пролеана од неонацистите од Азов е на американскиот претседател“, наведува Володин на Телеграм, пренесува руската агенција ТАСС.

Володин напиша дека тоа е причината за отповикување на Бајден. „Тој го прекрши законот“, порача Володин.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока