Утрински Весник
Магазин

Канје Вест доби забрана за настап на наградите „Греми“

Канје Вест доби забрана за настап на наградите „Греми“

Канје Вест нема да биде меѓу изведувачите на овогодинешната церемонија на доделување музички награди „Греми“ поради неговото загрижувачко однесување на интернет, потврди претставник на раперот во изјава за „Вараети“.

Организаторите – Академијата за снимање и на Си-би-ес –  не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Медиумскиот претставник на Вест всушост ја потврди веста објавена во „Бласт“доцна во петокот, дека тимот на раперот уметникот добил телефонски повик во петокот вечерта во кој го известиле дека е отстранет од составот на изведувачи за шоуто поради неговото загрижувачко однесување на социјалните мрежи.

Вест, кој досега има освоено 22 „Греми“, оваа година е кандидат за пет награди.

Претставникот на Вест испрати допис на „Вараети“ во кој наведува дека ја потрдува веста за отстранувањето на раперот. Тој не одговори на барањата за дополнителни информации, иако во веста на „Бласт“ стои: „Нашите извори велат дека тимот на Канје не е изненаден од одлуката“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста