Утрински Весник
Магазин

Шер го нуди својот дом за украински бегалци

Шер го нуди својот дом за украински бегалци

Шер ја понуди својата вила во Малибу за престој на бегалци од Украина.

Во објава на Твитер, американската поп ѕвезда ги повика луѓето да им помогнат на оние што ги напуштаат своите домови среде инвазија на Русија со тоа што ќе им овозможат безбедно место за престој.

„Би сакала да ги спонзорирам украинските семејства во мојот дом. Тие би биле безбедни и згрижени,“ твитна Шер.

75-годишната музичка легенда, која поседува хациенда во Малибу, ја користи платформата за да обезбеди поддршка за народот на Украина.

Таа повика: „Мораме да најдеме поопипливи начини да му помогнеме на украинскиот народ!“

 

Можете да прочитате

СЗО: Горештините го зголемуваат ризикот од предвремено породување

Дневен хороскоп за 25 октомври: Време за искрени разговори и мали промени

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека