Утрински Весник
Свет

(Видео) Жителите на окупираниот Херсон ги принудија руските камиони да се повлечат

(Видео) Жителите на окупираниот Херсон ги принудија руските камиони да се повлечат

Жителите на украинскиот Херсон, град окупиран од руската војска, им го попречија патот на руските воени камиони со ознака „З“ на улиците на градот и ги принудија да се свртат.

Видеото кое е направено вчера на Твитер го објави украинскиот новинар Олексиј Сорокин.

Украинците им извикуваа „Оди дома“ на Русите и им покажаа среден прст.

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран