Утрински Весник
Свет

Русија постави рок за Украина да прогласи предавање на Мариупол

Русија постави рок за Украина да прогласи предавање на Мариупол

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина има рок до раните утрински часови во понеделник да даде одговор за предавањето на Мариупол, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на руската агенција РИА Новости.

Од 10:00 до 12:00 часот по локално време, руската страна предлага да се организира излез од градот за украинските војници и странските платеници, без оружје, а во тој случај загарантирано е спасување на животи, па потоа ќе се отворат и хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, пишува РИА Новости.

Руското Министерство за одбрана во пораката нагласува:

„Киев да постапи разумно и да ги поништи претходно дадените упатства кои ги обврзаа милитантите во Мариупол да се жртвуваат“.

Претставниците на ОН, ОБСЕ и Црвениот крст се поканети да ја набљудуваат хуманитарната операција на теренот, се додава во извештајот.

Москва инсистира писмениот одговор од Киев на овие предлози да го добие пред 5 часот по локално време.

Според бројни експерти, Мариупол стратешки е многу важен град за Русија, бидејќи со неговото заземање би се поврзала претходно освоената територија.

За овој град се водат жестоки битки и официјално и натаму е под украинска контрола, но со денови се пресечени каналите за достава на помош.

     Aжурирана мапа на британското Министерство за одбрана на руските операции во Украина

Можете да прочитате

Вашингтон ја тужи администрацијата на Трамп поради распоредување на Националната гарда

Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба

26 земји се подготвени да испратат војници во Украина