Утрински Весник
Свет

Во Косово запленети два тона македонски мед, возачот на комбето побегнал во планина

Во Косово запленети два тона македонски мед, возачот на комбето побегнал во планина

Денеска околу пладне, во село во близина на косовско-македонската граница, запленети биле 2.000 килограми мед, кои со возило комбе билиле илегално внесени во Косво од македонска територија, објави косовската полиција.

Според полициското соопштение, патрола на пограничната полиција го забележала сомнителното комбе во селото Дебелде, во близина на градот Витина.

Комбето било запрено при обид да изврши нелегална трговија со медот, додека возачот го искористил планинскиот терен и успеал да побегне во непознат правец.

Возилото и товарот се запленети и предадени на Царините на Косово.

Можете да прочитате

Пакистан распореди 8.000 војници и ескадрила борбени авиони во Саудиска Арабија

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого

ЕУ регистрира зголемување до речиси 30 отсто на вратените странци без право на престој