Утрински Весник
Свет

Да бевме членка на НАТО, Русија немаше да нападне, вели Зеленски

Да бевме членка на НАТО, Русија немаше да нападне, вели Зеленски

Украинскиот претседател изјави дека Русија немало да изврши инвазија доколку неговата земја претходно беше примена во НАТО.

„Да бевме членка на НАТО, војната немаше да започне. Би сакал да добијам безбедносни гаранции за мојата земја, за мојот народ“, изјави Зеленски за Си-ен-ен, додавајќи дека е благодарен за помошта што НАТО ја пружа од почетокот на инвазијата.

„Доколку членките на НАТО се подготвени да нè видат во алијансата, направете го тоа сега бидејќи луѓе умираат секој ден“.

„Но, ако не сте подготвени да ги спасите животите на нашите луѓе, ако само сакате да гледате како сме меѓу два света, ако сакате да нè видите во оваа сомнителна позиција каде што не разбираме дали можете да нè прифатите или не – не можете да нè оставите во оваа ситуација, во вакво лимбо“, додаде украинскиот претседател.

„Јас лично ги замолив да кажат директно дека ќе нè примат во НАТО за година или две или пет, само нека кажат директно и јасно или само нека кажат не“, рече Зеленски.

„Одговорот беше многу јасен – ‘нема да бидете членка на НАТО’, но јавно вратата ќе остане отворена“, посочи тој.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking