Утрински Весник
Македонија

По повеќе од 20 години во Зooлошката градина во Скопје се родија три лавчиња

По повеќе од 20 години во Зooлошката градина во Скопје се родија три лавчиња

Денеска на 20-ти март Денот на среќата, на задоволство на сите граѓани, информираме за убави вести, велат од ЗОО-Скопје.

Информираат дека по повеќе од 20 години во скопската Зоолошката градина се родија три лавчиња.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска беше на увид во живеалиштето на лавчињата.

„Ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошката градина во Скопје, лавчињата се одлично згрижени, а вработените во Зоолошката градина со професионалност и внимание се грижат за мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што се постојано набљудувани“ истакна Арсовска.

„Лавчињата се стари само неколку дена, а посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште“, истакна директорот на Зоолошката градина – Скопје, Кристијан Стаменов.

Од Град Скопје известуваат дека сите љубители на животни и посетители на ЗОО – Скопје, во идниот период ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња.

Можете да прочитате

Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Стејт департмент: Закани, насилство и политички притисок врз медиумите во Македонија

Граѓанска победа: Багерите повлечени од Кожуф