Утрински Весник
Свет

Генералштаб на Украина: Голема е заканата од офанзива од Белорусија

Генералштаб на Украина: Голема е заканата од офанзива од Белорусија

Заканата од офанзива на војниците од Белорусија во правец на Волин е голема, но украинските борци се подготвени за одбивање, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесуваaт украинските агенции.

Претходно Министерството за внатрешни работи соопшти дека руска воена опрема се приближува до белоруската граница со цел да се обиде со одредени сили да влезе на територијата на Украина.

Украина е во војна со руските напаѓачи од 24 февруари.

Руските сили гранатираат и уништуваат клучни инфраструктурни објекти, спроведуваат масовно гранатирање на станбени области на украинските градови и села со артилерија, повеќецевни ракетни фрлачи и балистички ракети, јавуваат агенциите.

Можете да прочитате

Зеленски го потврди тридневното примирје со Русија и размената на 1.000 затвореници

Рубио: Очекувам Иран да достави сериозен предлог за прекин на огнот

САД ги објавија првите тајни документи за НЛО