Утрински Весник
Свет

Европската комисија ги суспендираше сите проекти со Русија и Белорусија

Европската комисија ги суспендираше сите проекти со Русија и Белорусија
Dik 300x250 mk

Европската комисија ги суспендираше сите проекти што земјите од Европската Унија ги имаа со Русија и Белорусија, а кои се кофинансирани од фондовите на ЕУ, потврди еврокомесарката за кохезиона политика Елиса Фереира. „Интеррег и програмите за прекугранична соработка се прекинати. Не самите програми, туку транши од пари што требаше да ги поддржат руската и белоруската страна во таа соработка“, рече Фереира на 8-миот форум во Брисел.

„Сега работиме на репрограмирање на тие пари за да и помогнеме на прекуграничната соработка со Украина, за да и помогнеме да го реши својот проблем“, додаде Фереира. Европската комисија би можела да ги искористи парите што ги запреа за Русија и Белорусија за да се грижи за бегалците од Украина разурната од војната.

Фереира рече дека Европската комисија моментално работи на техничко ниво за да ги пренасочи тие средства што е можно поскоро. Преку кохезионата политика, Европската комисија настојува да ги намали нееднаквостите меѓу деловите на ЕУ, но има и програми кои ги вклучуваат соседните земји кои не се членки на Европската Унија.

Вкупното финансирање на ЕУ за осум програми со Русија е 178 милиони евра, а за две програми со Белорусија 257 милиони евра. Овие програми се договорени и започнати во периодот од 2014 до 2020 година.

Европската комисија, извршното тело на ЕУ, на 4-ти март објави суспензија на проектите со Русија и нејзиниот сојузник Белорусија, откако руската армија влезе во Украина на 24-ти февруари. Таа повика на правила за прекугранична соработка според Европскиот инструмент за соседство, кој обезбедува прекин на соработката со странски земји во случај на кршење на меѓународното право, човековите права, демократските принципи и владеењето на правото.

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија