Утрински Весник
Свет

(Видео) Најмалку едно загинато лице а 20 повредени во пукање на автомобилски саем во Америка

(Видео) Најмалку едно загинато лице а 20 повредени во пукање на автомобилски саем во Америка

Најмалку едно лице загина, а 20 се повредени во пукање на автомобилски саем во југоисточниот дел на Арканзас, САД, соопшти локалната полиција.

Меѓу ранетите има и деца, но Кит Финч, началникот на полицијата во градот Думас каде се случи пукањето, изјави дека се уште не знаат колку деца се повредени.

Тој за новинарите изјави дека едно лице досега е во притвор, но може да има повеќе.

Саемот на автомобили е годишен настан во Думас што се одржува секоја пролет за да се соберат средства за стипендии и училишен прибор, според Младинската организација за зајакнување на соседството Делта, која го организираше настанот.

Валас Мекги, главниот организатор на саемот за автомобили, изрази сочувство до семејствата на жртвите и до заедницата.

„Тоа што се случи е голема трагедија. Саемот го организираме 16 години без никакви проблеми“, изјави Мекги за локалната телевизија.

Можете да прочитате

Швајцарија оди на реферндум за забрана на огнометот

Руски ракети погодија студентски дом и цивилни објекти во Киев: Еден загинат и 15 повредени

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир