Утрински Весник
Спорт

Талески: Во Букурешт ќе биде потешко, но ние сме подготвени

Талески: Во Букурешт ќе биде потешко, но ние сме подготвени

Ракометната репрезентација на Македонија денеска (17 часот) го игра реванш натпревар од првата фаза од баражот за пласман на Светското првенство во 2023 година. Осум гола позитива однесоа за Букурешт македонските ракометари, а најдобриот стрелец од првиот дуел, Филип Талески, вели дека националниот тим е подготвен за уште еден добар натпревар.

„Знаеме дека не чека многу потежок меч од оној во Скопје. Не треба да ја браниме предноста од Скопје, туку мотивирани сме за нова победа. Романците сакаат да направат големо изненадување, сигурно во еден дел од мечот ќе тргнат на се или ништо, но ние треба мирно да го реализираме тоа што ќе го договориме со селекторот Кире Лазаров“, вели Филип Талески.

На првиот натпревар во Скопје, ракометната репрезентација на Македонија победи со 30:22. Победникот од овој двомеч во следната фаза од баражот за СП ќе игра против селекцијата на Чешка.

> Талески: Во Букурешт ќе биде потешко, но ние сме подготвени <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина