Утрински Весник
Свет

СЗО: Крајот на пандемијата е далеку

СЗО: Крајот на пандемијата е далеку

Портпаролката на Светската здравствена организација, Маргарет Харис, денеска изјави дека крајот на пандемијата на Ковид-19 е далеку наведувајќи го зголемувањето на бројот на случаи во неделниот извештај.

Здравствената агенција на ОН неодамна објави дека акутната фаза на пандемијата може да заврши оваа година, но дека сè зависи од тоа колку бргу ќе се достигне бројот од 70 отсто вакцинирани жители во секоја земја, што е само еден од факторите, објави „Ројтерс“.

„Дефинитивно сме на половина пат од пандемијата“, рече Харис.

По повеќе од еден месец пад на заразените со Ковид-19, бројот на новозаразени случаи со коронавирус продолжи да расте во светот минатата недела, со заклучување во Азија и една кинеска провинција, потенцираат надлежните.

Можете да прочитате

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“

Хутите најавија одмазда по саудиските нападите врз Јемен