Утрински Весник
Свет

Разговорот меѓу Макрон и Путин закажан за вечерва

Разговорот меѓу Макрон и Путин закажан за вечерва
Dik 300x250 mk

Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон, ќе разговараат вечерва, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин утринава веќе разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц. Претседателот има и телефонски разговор закажан за вечерва. Бидејќи француската страна веќе најави, ќе ви кажам дека тоа ќе биде разговор со Емануел Макрон. Ќе се одржи вечерва“, рече Песков.

Песков рече дека Путин во текот на денот ќе има средби што не се од јавен карактер, пренесува ТАС С.

За време на телефонскиот разговор, Путин му рекол на Шолц дека Киев се обидува да ги одложи мировните преговори со Русија, но дека Москва сепак сака да ги продолжи.

Шолц повика на прекин на огнот во Украина и ја истакна потребата да се постигне напредок што е можно побргу во изнаоѓање дипломатско решение.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште