Утрински Весник
Свет

Украинскa пратеничка: Путин сака да изгради империја каква што светот не видел досега

Украинскa пратеничка: Путин сака да изгради империја каква што светот не видел досега
Dik 300x250 mk

Украинската пратеничка Лесија Василенко изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да застане во Украина и ќе продолжи со инвазија на други европски земји, пишува „Скај њуз“.

Таа ја спореди сегашната ситуација во Украина со ситуацијата кога Хитлер ја нападнал Полска во 1939 година.

„Луѓето во Франција и Велика Британија, исто така, седеа и велеа ‘тоа е за нив, не се работи за нас, далеку е’. Тоа беше на почетокот на Втората светска војна. Ова е токму истата работа“, вели Лесја.

„Путин нема да застане во Украина. Неговите омилени новинари зборуваат за одење понатаму и за создавање голема експлозија во Европа. Целта на Путин е да изгради руска империја поголема од сè што светот видел досега“, додава таа.

Тој вели дека Путин црпи инспирација од Сталин и Хитлер и забележува дека колку побрзо Путин биде задржан внатре Русија, толку подобро за целиот свет“.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа