Утрински Весник
Свет

Зеленски посетил ранета тинејџерка во болница, таа му открила нешто што го насмеало

Зеленски посетил ранета тинејџерка во болница, таа му открила нешто што го насмеало
Dik 300x250 mk

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, посети ранета 16-годишна тинејџерка во болница во Киев и од неа дозна дека е ѕвезда на ТикТок.

Катја Власенко и нејзиното семејство беа цел на напади додека се обидуваа да побегнат од Киев. Според извештаите, Катја со своето тело го заштитила својот помал брат (8) за време на рускиот напад додека со автомобил бегала од родниот град.

Во четвртокот ја посети претседателот на Украина, кој беше пофален низ целиот свет за неговата храброст, а таа му ја пренесе радосната вест.

– Сите те поддржуваат на ТикТок – му рече Катја на претседателот, што го насмеа.

– Значи, го зедовме ТикТок? Ја праша Зеленски.

„Сите зборуваат за тебе, се е за тебе“, одговори таа.

Зеленски и подари букет цвеќе, додека девојката лежеше во кревет.

– Не е лесно, но постапуваме правилно – рече Зеленски.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа