Утрински Весник
Македонија

Утре облачно и студено со локални врнежи од дожд а на планините снег

Утре облачно и студено со локални врнежи од дожд а на планините снег

Утре се очекува променливо облачно и студено време, претпладне претежно во јужните делови со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната од 4 до 10 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и постудено време со умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка

Таткото пријавил во полиција: Син ми призна дека убил момче кај Сарај – Детали за убиството

Евакуација во „Ист гејт“ по аларм за пожар – утврдено дека станува збор за лажна тревога