Утрински Весник
Спорт

Интер купува напаѓач од Ајакс за следната сезона

Интер купува напаѓач од Ајакс за следната сезона

Италијанскиот првак Интер сака да го засили нападот за следната сезона со напаѓачот на Ајакс, Себастијан Але. Тој има одлична сезона за тимот од Амстердам, постигна 32 гола на 34 натпревари, а блескаше и во групната фаза од Лигата на шампионите.

Раководството на Интер е подготвено да плати 35 милиони евра за неговите услуги и да го доведе на „Џузепе Меаца“ по завршувањето на сезоната.

Един Џеко е веже ветеран, се подготвува трансфер на Лаутаро Мартинез, а релиси сигурно Интер ќе го напушти и Алексис Санчез. Токму затоа тренерот Симоне Инзаги гледа одлично решение за нов напаѓач на тимот во Себастијан Але.

> Интер купува напаѓач од Ајакс за следната сезона <

Можете да прочитате

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари