Утрински Весник
Магазин

Серијата во која Зеленски глуми претседател се врати на „Нетфликс“

Серијата во која Зеленски глуми претседател се врати на „Нетфликс“
Dik 300x250 mk

Сатиричната серија Servant of the People (Слуга на народот), во која Володимир Зеленски глуми професор по историја кој случајно станува претседател на Украина, повторно е достапна на Нетфликс во САД, а може да се гледа и во Македонија.

„Вие го побаравте и ние го вративме“, напиша компанијата на „Твитер“.

Покрај „Нетфликс“, интерес за купување на правата за шоуто изразија и многу радиодифузери. Серијата за прв пат се емитуваше во 2015 година, а има вкупно три сезони.

Во серијата, Зеленски го толкува ликот на наставник по историја, кој станува познат кога на Интернет се проширува видео во кое го навредува државното раководство. Потоа решава да се кандидира за претседател и изненадувачки победува.

Реалноста набрзо почна да се претвора во копија на серијата. Зеленски ја објави својата кандидатура на украинската телевизија 1 + 1 на новогодишната ноќ 2019 година, нешто пред полноќ, кога гледачите ја очекуваа традиционалната порака на тогашниот претседател. Тој немаше искуство во политиката.

На крајот победи на претседателските избори во таа земја и го победи тогашниот претседател Петро Порошенко.

Можете да прочитате

Мармалад од тиква и јаболка

Денеска се празнува Светиот маченик Нестор

Три хороскопски знаци што привлекуваат богатство без многу труд