Утрински Весник
Македонија

Од станови во кои чистела скопјанка украла накит вреден 960.000 денари

Од станови во кои чистела скопјанка украла накит вреден 960.000 денари
Dik 300x250 mk

Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода 45-годишна скопјанка со иницијали М.А, поради сомнение дека во претходниот период извршила кражби во три станови во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960.000 денари.

Како што информираат од МВР, таа била пријавена на 14. март годинава од сопственичките на трите станови, каде повремено била ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголема количина златен накит.

Вчера врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на М.А. и во домот на нејзината мајка, при што бил пронајден дел од накитот, кој бил вратен на сопственичките.

М.А. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

Инцидент во Струшко: Во близина на угостителски објект пукано во воздух од БМВ во движење

Опожарено возило во Аеродром, нема повредени