Утрински Весник
Магазин

Натали Портман отмена во црвено

Натали Портман отмена во црвено
Dik 300x250 mk

Натали Портман блесна во црвено на светската премиера на „Пачинко“ што се одржа во музејот на филмската академија во Лос Анџелес.

40-годишната актерка ги предводеше ѕвездите, вклучително и Јун Ју-јунг и Џими Симпсон на настанот во Лос Анџелес во средата.

Музата на „Диор“ едноствано изгледа волшебно.

„Пачинко“ е лимитирана серија базирана на истоимениот роман на Мин Чин Ли, трагична приказна за припадноста и интегритетот, за надежта да се преживее и да се напредува пред рамнодушната историја. Книгата имаше одлични рецензии. „Магазинот „Пипл“ ја нарече ремек-дело, моќна приказна за издржливоста. „Проблемите со кои се соочуваат имигрантите вознемируваат, но приказната е онаа која плени“.

Во фокусот се четири генерации на корејско имигрантско семејство, кои одат по својот пат од Кореја до Јапонија, а потоа и во Америка.

Серијата треба да се појави на „Епл ТВ плус“ на 25 март, а главната улога ја игра оскаровката Јун Ју-јунг.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Светиот маченик Нестор

Три хороскопски знаци што привлекуваат богатство без многу труд

Ватс ап стигна и на Ејпл Воч