Утрински Весник
Свет

Кина застана на страната на Украина?

Кина застана на страната на Украина?

Кина никогаш нема да ја нападне Украина, изјави кинескиот амбасадор во Украина Фан Ксијанронг за време на средбата со гувернерот на регионот Лавов, Максим Козицки.

„Ќе помогнеме, особено економски. Во оваа ситуација во која се наоѓате, ќе се однесуваме одговорно“, рече кинескиот амбасадор во Украина.

Тој додаде дека Кина е пријателска земја на украинскиот народ.

„Како амбасадор, одговорно можам да кажам дека Кина секогаш ќе има позитивни односи со Украина, и економски и политички“, рече тој.

Можете да прочитате

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите

Шестмина избодени со нож во Антверпен

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот