Утрински Весник
Свет

Русите објавија видео – Бајден нареди бомбардирање на Белград

Русите објавија видео – Бајден нареди бомбардирање на Белград

Портпаролката на руското МНР Марија Захаровa објави видео од состаноците на Комитетот за надворешни работи на Сенатот во 1998 година.

Според Захарова, видеото е направено една година пред бомбардирањето на Белград.

На видеото се гледа како актуелниот претседател на САД Џо Бајден вели дека токму тој предложил бомбардирање на главниот град на тогашна СР Југославија.

„Предложив бомбардирање на Белград. Предложив американските пилоти да одат таму и да ги уништат сите мостови на Дрина“, рече Бајден.

Захарова наведува дека Бајден за тоа зборува и пред бомбардирањето, објаснувајќи дека Белград бил бомбардиран.

„Југославија не претставуваше директна или индиректна закана за Соединетите Држави или за нејзините граѓани. Само им требаше“, заклучи Захарова.

Можете да прочитате

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД

Лагард: Светскиот поредок се менува, но тоа не значи целосен прекин со постојниот