Утрински Весник
Свет

Пред укинувањето на мерките, расте бројот на заразени со Ковид во Германија

Пред укинувањето на мерките, расте бројот на заразени со Ковид во Германија

Неколку дена пред планираната одлука за укинување на епидемиолошките мерки, во Германија втор ден по ред е поставен рекорд во однос на седумдневна инциденца на заразени со ковид.

Таа бројка денеска достигна нова висока вредност од 1.607 на 100.000 жители, додека вчера инциденцата беше 1.585.

Во последните 24 часа се регистрирани 262.593 новозаразени лица, што е за околу 50.000 повеќе од вчера.

Пријавени се 269 смртни случаи, заразени со корона.

Овие високи бројки се забележани неколку дена пред планираната одлука за укинување на речиси сите епидемиски мерки, со можност за воведување построг режим во таканаречените жаришта на корона.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking