Утрински Весник
Економија

Норвешка одобри поголемо производство на гас

Норвешка одобри поголемо производство на гас

Норвешкиите власти им дозволија на Equinor и неговите партнери да го зголемат производството на гас во текот на летните месеци поради зголемената побарувачка во Европа, соопшти државната компанија за нафта и гас. Норвешкото Министерство за нафта и енергија издаде приспособени дозволи за зголемување на производството во полињата Трол, Осеберг и Хеидрун.

„ Во разговорите со властите и нашите партнери, сега преземаме чекори за одржување на зимското ниво на високо производство“, рече во изјавата Кјетил Хове, извршен потпретседател за истражување и производство во Equinor.

Така, Осеберг ќе може да го зголеми извозот до 30 септември за околу милијарда кубни метри, или околу 15 до 20 отсто во тековната гасна година. Годинава би произвеле околу седум милијарди кубни метри гас, посочуваат во Equinor.

Планираниот прекин на производството заради одржување е одложен за септември, додаваат оттаму. Беше одобрено и барањето за зголемување на производството на гас во Хајдрун за 400 милиони кубни метри или околу 30 отсто.

Доколку се намали производството на други полиња, одобрено е барање и за зголемување на производството во полето Трол, на 38 милијарди кубни метри, што е зголемување за една милијарда кубни метри или три отсто годинава.

Осеберг и Хајдрун заедно можат да произведат 1,4 милијарди кубни метри, што може да ја задоволи побарувачката на 1,4 милиони европски домаќинства во текот на годината, се вели во соопштението на Equinor.

Можете да прочитате

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите

UNCTAD: Критичните минерали ќе ја обликуваат идната економија, Иловица останува неискористен ресурс