Утрински Весник
Македонија

Каменуван патнички воз во Кумановско

Каменуван патнички воз во Кумановско

На делот од пругата помеѓу железничката станица Карпош и железничката станица Куманово, кај патниот премин кој води до селото Лопате, синоќа околу 21.30 часот бил каменуван патнички воз.

Како што информираат од МВР, неколку лица го каменувале возот кој сообраќал на релација Табановце – Скопје.

Притоа, биле направени оштетувања на возот, додека повредени патници и персонал нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Македонија и Србија се поврзуваат со гасовод – утре официјален старт на проектот

Подруми, шахти, канали и стоечки води: Ова се ризичните точки за комарци во Скопје

Македонија ја губи младоста – 24info.mk