Утрински Весник
Свет

Зеленски: Украина мора да се помири со тоа дека нема да влезе во НАТО

Зеленски: Украина мора да се помири со тоа дека нема да влезе во НАТО

Украина разбира дека нема отворена врата за членство во НАТО и затоа предлага начин самостојно да се заштити, под услов да има безбедносни гаранции, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео врска на состанокот на лидерите на Обединетите експедициски сили во Лондон.

„Ако не можеме да влеземе низ отворена врата, тогаш мора да соработуваме со здруженија со кои можеме, кои ќе ни помогнат и штитат и ќе имаат посебни гаранции“, рече Зеленски.

Тој тврди дека од почетокот на руската инвазија во Украина се убиени 97 деца, пренесува „Ројтерс“.

„Некои странски компании велат дека заминале, но само го чекаат моментот кога ќе можат да се вратат на рускиот пазар. Не им е грижа за 97 деца! Досега овде се убиени 97 деца“, рече Зеленски на самитот.

Можете да прочитате

Русија е закана за Европа и светот, смета Унгарија

Зеленски го одликува Маск со украинскиот Орден на слободата

Обид за напад со напалм врз украинска фабрика за дронови во Словачка