Утрински Весник
Свет

Кремљ ја нарече хулиганка новнарката што влета во програма во живо

Кремљ ја нарече хулиганка новнарката што влета во програма во живо

Кремљ соопшти дека постапките на Марина Овсијаникова, која ги прекина вестите во живо на руската државна телевизија „Канал 1“ за да ја осуди војната во Украина, се хулиганство.

Овсјаникова, инаку една од уредничките на телевизијата, во чин на несогласување со војната во Украина држеше натпис зад водителката во студиото и извикуваше слогани против војната, објави „Ројтерс“.

„Што се однесува до оваа жена, тоа е хулиганство“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пофалувајќи го „Канал 1“ за, како што рече, квалитетна, објективна и навремена програма.

Новинарката напиша слогани на англиски и руски јазик.

„Запрете ја војната. Кажете ѝ ‘не’ на војната“, извика таа додека водителката продолжи да ги чита вестите.

Можете да прочитате

Европратеници бараат создавање одбранбен сојуз и независност од НАТО

Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина

Зеленски го потврди тридневното примирје со Русија и размената на 1.000 затвореници