Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да го поддржи предлогот за намалување на акцизата на горивата за 50 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да го поддржи предлогот за намалување на акцизата на горивата за 50 отсто

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50 отсто е на дневен ред во Собранието, СДСМ и ДУИ да го поддржат, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„СДСМ да го прифати предлогот за намалување на акцизата на горивата за 50 отсто, а не да брка дневен популизам. Предлог законот за намалување на акцизата на горивата за 50% денес е на дневен ред во собрание. Пратениците на СДСМ и ДУИ да го поддржат предлогот, во спротива ќе потврдат дека брка само дневен популизам“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата образложија дека намалувањето на акцизата за 50 отсто ќе влијае за намалување на трошоците за производство во земјоделието, индустријата, но и ќе влијае позитивно врз буџетот на граѓаните.

„Во последните година ипол цените на горивата поскапеа и до 100 проценти. Единствен начин да се спречи спиралата на поскапување е намалување на акцизата на горивата за 50 отсто. Квази мерката на СДСМ со која цените на горивата се намалуваат за 30 проценти не е доволна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски? 

Маж од Виница од лажен профил испраќал експлицитни фотографии од малолетничка