Утрински Весник
Свет

Хаг утре ќе донесе пресуда за тужбата на Украина против Русија

Хаг утре ќе донесе пресуда за тужбата на Украина против Русија

Меѓународниот суд на правдата во Хаг соопшти дека утре ќе донесе пресуда за тужбата на Украина против Русија, пренесува „Ројтерс“.

На сослушувањата пред судот на ОН во Хаг се појави само украинската делегација, додека руската страна одлучи да не присуствува на седниците.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека претставници на Москва не присуствуваат на седниците на Меѓународниот суд на ОН, бидејќи прашањето за специјална воена операција во Украина е надвор од нејзина јурисдикција.

Во тужбата на Киев се наведува дека се лажни тврдењата на Русија дека ја нападнала Украина со цел да спречи геноцид, а од судиите се бара да и наредат на Русија да го запре нападот врз Украина.

Можете да прочитате

Сијарто: Не сум пренесувал на Русија информации за Европската Унија

Трамп: Ормутскиот тенсец ќе биде отворен многу наскоро

Трамп: Иран се согласи да се откаже од нуклеарен материјал