Утрински Весник
Македонија

Истрага за пронајдени пет килограми марихуана во Велес

Истрага за пронајдени пет килограми марихуана во Велес

Велешкото Основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против жител на овој град на возраст од 29 години поради сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот велешанец, на 11 март, заради продажба неовластено држел марихуана во вкупна количина од 4.957,86 грама и тоа во повеќе пакувања во градината пред куќата во која живее, во собата во која престојувал и во автомобилот.

Дрогата била пронајдена и одземена од полициски службеници на СВР Велес при вршење претрес кај осомничениот на кого му е определен притвор во траење од 30 дена.​​

Можете да прочитате

Царинска управа: Откриена царинска измама со увози на месо во висина од 7 милиони денари

Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен, информираат од ЦУК

МНР: Се чека на потврда на идентитетот за да се утврди дали македонски државјанин е меѓу тројцата убиени во Боливија