Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Дебакл на Лејкерси во Финикс

Дебакл на Лејкерси во Финикс
Img 7972

Леброн Џејмс, влезе во историјата на НБА лигата, а неговите ЛА Лејкерс забележаа уште еден катастрофален пораз. Најдобриот тим во лигата ги победи Лејкерси со 140:111. Леброн на овој меч стана единствениот играч во историјата на лигата со најмалку 30.000 поени, 10.000 скокови и 10.000 асистенции во кариерата.

Финикс ги декласираа Лејекрси. Во првата четвртина постигнаа 48 поени, на полувреме 79. Лејкерси по првата четвртина имаа минус од 26 поени (48:22).

Кај лидерот седум кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, се издвоија Девин Букер со 30 поени и 10 асистенции и Диандре Ејтон со 23 поени и 16 скокови. Финикс на овој натпревар беа без Крис Пол и Кем Џонсон.

Леброн се издвои кај Лејкерси со 31 поен, седум скока и шест асистенции.



> Дебакл на Лејкерси во Финикс <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН