Утрински Весник
Свет

Дуда: НАТО треба сериозно да размисли ако Путин употреби хемиско оружје

Дуда: НАТО треба сериозно да размисли ако Путин употреби хемиско оружје

Полскиот претседател Анджеј Дуда во денешното интервју изјави дека руската употреба на хемиско оружје во Украина ќе промени сè и дека НАТО ќе мора сериозно да размисли како да одговори.

Запрашан дали доколку Путин употреби хемиско оружје, тоа би било црвена линија за НАТО, по што ќе мора да се вклучи, Дуда изјави за телевизијата Би-Би-Си: „ Ако употреби какво било оружје за масовно уништување, тоа целосно ќе ги промени работите“.

„ Секако, НАТО и неговите лидери предводени од САД ќе мора да седнат на маса и навистина сериозно да размислат што да прават, бидејќи тогаш тоа почнува да станува опасно“, рече тој.

Можете да прочитате

Топлотен бран беснее низ Европа: Црвен аларм во Британија

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

ОН: Израел намерно ги напаѓал децата во Појасот Газа