Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар на мигранти во радовишко

Приведен криумчар на мигранти во радовишко

На локален пат покрај брана Мантово, радовишко, синоќа полицијата привела 38-годишен штипјанец кој бил фатен како превезува мигранти.

М.О. (38) од Штип, во возило „фолксваген туарег”, со скопски регистарски ознаки, превезувал 13 лица мигранти, од кои 5 од Гана, 5 од Пакистан, 2 од Сенегал и 1 од Бенин.

Лицата мигранти биле пренесени во Транзитниот центар „Винојуг” Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Регионален центар за гранични работи Исток и екипа на ОВР Радовиш.

М.О. е приведен во полициска станица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста

Денеска облаци и локален дожд, од утре стабилизирање на времето

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција