Утрински Весник
Свет

(Од минута во минута) Дрон со експлозив урнат во Киев, нападната воена база во близина на Лавов

(Од минута во минута) Дрон со експлозив урнат во Киев, нападната воена база во близина на Лавов

Специјалната операција во Украина влезе во 18-от ден.

Сирени за воздушен напад се огласија во Киев во раните утрински часови, а имаше информации и за силно гранатирање.

Клучни настани:

Во Лавов нападнат центар за воена обука и база западно од градот
Во Киев соборен дрон со три килограми експлозив
Новите сателитски снимки покажуваат катастрофални штети во Мариупол
Украина: Руските сили отворија оган врз конвојот за евакуација во близина на Киев, убивајќи седум цивили
Макрон побара од Путин да ја прекине опсадата на Мариупол
Британија известува дека руските сили се на 25 километри од Киев
Русија им се закани на САД, велејќи дека конвоите што испраќаат оружје во Украина ќе бидат третирани како воени цели

од минута во минута:

10:07 Девет загинати и 57 ранети во рускиот воздушен напад врз воена база во близина на Лавов

Гувернерот на областа Лавов изјави дека во нападот на воената база западно од градот загинале девет лица, а ранети се 57.

Гувернерот Максим Козицки потврди дека Русија утринава истрелала 30 ракети врз комплекс на околу 50 километри југозападно од Лавов и на околу 25 километри од границата со Полска, пренесува „Ројтерс“.

10:05 Украинскиот министер за одбрана: Ова е терористички напад во близина на границата на НАТО

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ги нарече терористички руските ракетни напади врз воената база наречена Меѓународен центар за мир и безбедност, која се наоѓа западно од Лавов, на 25 километри од границата со Полска.

Резников додаде дека во воената база работат странски инструктори.

10:00 Нов извештај на британското разузнавање: Русите напредуваат, но трпат големи загуби

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот разузнавачки извештај во кој се наведува дека руските војници се обидуваат да ги опколат украинските сили на исток и напредуваат од правец на Харков и Мариупол, двата опколени градови.

9:50 Истрелани проектили кон украинската воена база во близина на границата со Полска

Градоначалникот на украинскиот град Лавов, Андриј Садовји, потврди руски напад врз украинскиот меѓународен центар за мир и безбедност, западно од Лавов. Тој рече дека биле истрелани осум проектили кон украинскиот Центар за меѓународен мир и безбедност.

Станува збор за воен центар за обука и база западно од Лавов, во близина на границата со Полска, која е оддалечена околу 25 километри.

9:40 Дрон со експлозив се урна во Киев

Украинските безбедносни сили вчера попладне собориле беспилотно летало во Киев, според официјални лица и очевидци.

Се наведува дека во дронот имало три килограми експлозив, а се урна во областа Подил во Киев. Бил предизвикан помал пожар во филијала на банка. Геолокацијата на сликите објавени на Твитер ја потврди и Би-Би-Си.

9:30 Шефот на НАТО: Русија може да употреби хемиско оружје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во инвазијата на Украина и дека таквиот потег би бил воено злосторство.

„Ројтерс“ пренесува дека Столтенберг за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјавил дека Кремљ измислува лажни изговори за да ја оправда можната употреба на хемиско оружје.

„ Последниве денови слушнавме апсурдни тврдења за лаборатории за хемиско и биолошко оружје. Сега кога се изнесени овие лажни тврдења, мора да бидеме внимателни бидејќи е можно самата Русија да планира операции со хемиско оружје под маската на овие измислици и лаги“, рече Столтенберг.

Можете да прочитате

Израел го бомбардираше градот Газа, над 120 загинати

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти

Зошто Трамп ја презема контролата врз полицијата и ја испраќа Националната гарда во Вашингтон?