Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Спонзорите си одат од Челси

Спонзорите си одат од Челси
Img 7972

Никако да дојде крајот на проблемите со кои се соочува Челси. Британската влада го замрзна имотот на Роман Абрамовиќ, а Премиер лигата го тргна од директорската позиција, клубот започнаа да го напуштаат спонзорите.

Откако клубот го напушти главниот спонзор, телекомуникациската компанија „Три“, истото го направи и „Хјундаи“.

„Откако станавме партнери на клубот, ние сме горди навивачи на нашите фудбалери. Сепак, поради актуелната ситуација решивме на неодредено време да го суспендираме нашето партнерство со Челси“, соопшти компанијата од Јужна Кореја.

Челси од „Хјундаи“ добива 10.000.000 фунти годишно, а од „Три“, дури 40.000.000 фунти.

Барем засега спонзорските договори нема да ги суспендираат „Најки“ и „Триваго“.

> Спонзорите си одат од Челси <

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025